За тоа сега кога го виде ѝ се стори дека повторно роди син за кој треба да се грижи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Бојана стана мајка. Таа роди син, во кого што ја најде својата утеха и радост.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Колку ѝ било тешко тоа чувство дека тој се оженил и живеел со друга жена, толку се радувала и плачела во исто време кога следната година разбрала дека му се родил син.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Пред неколку месеци Ема роди син и за чудо воопшто не се здебели.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Кога му се роди синот, промената си остана, и натаму повеќе внатрешна, отколку надворешна.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Роди син од него, ама па што? Кога земаше да го дои, божем земаше цепаница в раце.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ќе се спобудалеше од радост дека ти се родил син, дека ни се родил брат, но сѐ беше лага.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Хелвиг беше под такво нејзино влијание, посебно откако таа го роди синот, што комуницирањето со мајка му и татко му беше вистинска реткост.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Рена примаше дискретна помош од татко ѝ и од мајка ѝ, особено откако им се роди синот, но со текот на времето и таа се истенчи зашто и во домот на татко ѝ се почувствува првата оскудица.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)