„Јано, Јано, Јано“, и во овој миг кога таа го нурна своето лице во неговите гради за да ја убие својата гласност, знаеше дека илјада безбојни кепеци што ги родиле грешните ноќи се збираат околу нив и ја пеат химната за една Марија со друго име и само со малку поинаков вкус на жедните усни, малку пред тоа кога му рече „Немој, некој стои таму, гледај“, и кога и рече за бронзениот паметник на поетот, со бела нишка месечина на носот: „Тој не гледал ни кога бил жив од ѕвезден песок што му ги нарасил очите“, малку пред тоа кога долго не можеше да ѝ ја откопча со одвитканите прсти црната блуза...
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)