Во станот во Њујорк Јоже често идел да биде близу до другар му Фидел да пафкаат пури со американки а потоа в Белград со млади комуњарки Јоже се прочу ко курвар, пробисвет бркал и црнки од третиот свет на кенијка млада ѝ посеа семе се роди ново кумровачко племе
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Секогаш беше таков пред новата слика, иако таа веќе му беше во главата, некаде во главата - го одмеруваше распнатото платно, се мислеше и се премислуваше, се двоумеше пред првиот потег, зашто знаеше дека од него зависи колку сликата ќе заличи понатаму на неговата замисла, а колку ќе се оддалечи од неа, одведувајќи го во предели каде што можеби ќе се родат нови слики, други слики.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)