Може дури да се гарантира дека секој, сакајќи им мир на своите деца и роднини, и ним ќе им влева почитување за мислењето што господари и, на тој начин, благодетните последици на таа преземена мера ќе се одразат не само врз современиците, но дури и врз најдалечното потомство.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
А луѓето се, како и воловите, бегова стока и што сака им прави.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Со воведувањето на вакво раководно владино издание дури и злонамерните луѓе, само ако се дрзнат да бидат некојпат несогласни со посоченото мислење “што господари”, природно ќе се чуваат да му противречат на истото, да не се најдат под сомневање и под казна.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)