сака (гл.) - тој (зам.)

Сакаше тој час да ја истури пред татковите книги сета насобрана зборовна материја, сѐ што му се напластило во душата, откако се видоа последен пат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но, татко му сакал тој да го замени и да ја наследи меаната, та и не сакал да чуе неговиот син да го продолжи образованието.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Го формира Тајниот револуционерен комитет чија цел е „слободата на нашата мајка Македонија“.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Но далеку од својот роден крај , тој, и сите што се како него, премногу го сакаат тој крај и ниту момент со мислите не се далеку од него.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се надеваме дека, посебно во светлината на тематот за Маниризмот, ќе знаете да ги респектирате "намерните внатрешни ин- кохеренции", и воопшто целата игра на манири толку иманентна за самата уметност, меѓу чии ретки претставници на нашава почва е и господинот Вулкански (иако тој не го сака тој квалификатив, "уметник", но во овој контекст на "манирист", ќе се Добро).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А во овој случај во прашање беше едно царско село од кое царот секоја година прибираше барем по илјада вакви златници, та Арслан не сакаше тој да биде причина да се запусти овој богат извор на приходи за царската каса за некакви си пет лири пари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Трајко ги прибра десетте лири, и излезе, а Арслан нарача по Ибраима да го викне Јузбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако поголем дел од човештвото живее во градовите, човекот од крајот на дваесеттиот век, го сакал тој тоа или не, ѝ припаѓа на урбаната цивилизација.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Таа сакаше тој да умре со неа (зар не е подобро без неа?) и затоа носеше револвер кога го среќаваше.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Миризбите беа во ведриот ритам што сакаше тој да го вѕида, во животот, а мечот беше таа. Таа: убавата, милата, добрата, загрижената...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Бојан го сакаше тој збир на миризби, преку кој, му се чинеше, одеднаш ги вдишува сите миризби на одминатото лето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Племињата Arapaho и Kiowa: убав и мрзелив младич не сака да се буди рано наутро; да може да спие колку сака тој треба да убие неколку канибали со лисеста (црвена) боја на косата; на сцена повторно стапуваат магичните помошници со чија помош младичот ги убива канибалите и сега е слободен да спие до доцна.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„А ти?“ гласот ѝ сугерираше како да ѝ беше побитно што сака тој.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа сакаше тој да ги изеде, таа сакаше неговиот метаболизам да го преработи неверството во неговиот систем, така што неговото тело ќе може да го апсорбира тоа неверство и да живее со него.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Секој можеше да поверува дека таа испливала од сините морски длабочини - зашто во неа имаше нешто што го имаа сирените, имаше нешто подводно во целата нејзина појава - како да дошла од длабините на некој злокобен свет за да го намами и да го изневери, и откако го направи тоа, сега сакаше тој да го изеде тоа неверство.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Си го сакал тој него и затоа му раскажувал.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Виде дека таа сака тој да ѝ се радува на телото и пак го врати погледот на нејзиното торзо. Ѝ ги пушти рацете под мишките и потем повлекувајќи ги нагоре ѝ ги соголе рамената, по што тргна во милување на кое наскоро ќе му се придружат неговите усни и целиот тој, исто така гол, преплетен со неа и во неа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Мене многу ме сакаше тој стрико Борис.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Да, жално е денес да се констатира, но во тој наш разговор Ѓурчин не беше спремен да ми помогне.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој се насмеа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Му реков дека многу би сакал тој да ми објасни што токму се случило помеѓу него и мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
" Мислам дека за тебе е најбитно да поверуваш во она што ќе ти го рече мајка ти", ме посоветува тој.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Овие имаа обичај да им пријдат на оние што изгледаа дека му се наклонети, на пример се чешлаа како него; „Која е неговата порака?“ - нервозно прашуваа, „Што сака тој?“
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ете, тоа е она што отсекогаш сакала да му го каже и што сака тој да го запамети еднаш и засекогаш.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ни на луѓето сме им должни ни пред бога сме виновни, и пак ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не се дорекол. Гавруш Пребонд сепак знаел што сака тој да каже.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но таа, опседнувана на секој чекор од тајни машки желби, веќе знаела што сака тој и ѓаволесто се насмевнувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И рекол дека и без плаќање ќе ѝ ја донесе на грб сета шума од ридиштата на Златица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Што сака тој Куно Бунгур? Ни со сите реки не ќе го измие гревот на... - На оној со врзано око? - Мојот, воздивнала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И рекол дека и Куно Бунгур ќе ја следи додека е таа жива.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас токму затоа и сакав тој Младич да пристигне дење.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Можеби и го сакаше тој, сето она, што се случуваше сега надвор, но и тоа негово сакање беше мирно, со полно познавање и со полно разбирање за дивината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најпосле, кога застана на сртчето од другата страна, знаеше дека само среќата, неговата среќа, или среќата на оној негов громаден нерез, не сакала да биде онака, како што сакаше тој.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А кога во пролетта во 1939-та Акиноските му пишаа дека Благуна умрела и дека тие се се готват Видана нејзин да го донесат во Потковицата, па ако не сака тој, како сој, да го прими кај себе, тие ќе го задржат на својот имот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Крсте им нареди на домашните да носат шест недели црно за Благуна, а потоа сите жители на Потковицата ги обиколуваше и ги наговараше да се согласи да го примат Видана нивни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го сакам тој човек кој е сега толку далеку од мене.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Всушност сакаше тој да биде постојано со неа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Глода коски, месо тегне, сака тој безмилосен телото твое в гроб да легне.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Како да сакаше да каже дека не сака тој да биде крај неа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Што сака тој од неа...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не сакаше тој да знае за него...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
ЉУБА: Јас сега сама ќе ги набројам: како прво, неговото писателско височество, - не знам зошто мама бездруго сака тој да ја удостои со своето доаѓање; никогаш порано не доаѓал кај нас, а велат, непријатен е и препотентен...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Туку не сакам тој да знае што се има тука набрано.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Трајко, се знае: со сакмата во племната. He сакаше тој ни постела, ни перница, ни оган.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако сака тој, сполај му; едно од место — друг на место"! . . .
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Некои идат и до ушите на Илка, ама тој беше ѓениш; ја знаеше Доста оти му е на место, ја сакаше тој неа и таа него и немаше што да се тревожи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако сака тој сирома да си a затворе куќата дај да му а наметните на вратот!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бидејќи толку време помина во првиот стадиум, би сакал тој да каже, би сакал подолго да престојувал во вториот и третиот, пред да стигне до четвртиот и петиот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Всушност и не сакајќи тој ни откриваше дека најсреќните мигови од врската со Јана ги има доживеано уште во часовите додека ѝ се приближувал.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нему веројатно му го скратуваше дишењето токму таа помисла.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го сакаше тој тоа, воздушните балони, беше аеронаут скоро од раѓање, уште од најраната младост со Суркуф и Барбизет... мошне поучни искачувања... не перформанси! ниту рели! ниту возбудливи летања!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
ДИМИТРИЈА: Да не сака тој и на ручек да седи? Немам јас ништо против. Нека седи и на вечера. И утре сабајле на појадок.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Да сакаше тој, сите ќе ве разнесеше на парчиња, ќе ве уништеше...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
-Бабо, знаеш ли ти дека постои една француска поговорка што гласи: „Кој се сака тој и се кара“?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ако сакаш јави му се на дечко ми, па ако сака тој ќе дојдам со него.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Точно е дека малку сум пристрасна во работата, зошто ја сакам, го сакам тој бренд и неговите производи ги обожавам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)