сака (гл.) - девојче (имн.)

Овојпат интелигентно се противев - велејќи дека сакам да ослабам - но и тоа не наиде на голем успех поради тоа што ми беше речено дека сум кожа и коски и дека треба повеќе да јадам за да ме сакаат девојчињата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Иако, мајка ми отсекогаш сакаше девојче и во периодот на блаженост, од полиците на дуќаните ги имаше испразнето сите розови тантели, кои подоцна мораше да ги носи брат ми (фала му на бога што не се сеќава на тој период, а и фотографирањето не беше толку зачестено хоби).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)