сака (гл.) - мајка (имн.)

Првин никој не му поверува, зашто беше алипен и зашто не знаеше што зборува, но тој се расплака и изговори: Видан ја сакаше мајка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш сите му поверуваа и се стаписаа, а војниците и полицајците се втурнаа на него, за да го фатат и да го врзат, но Димко, и ако беше дечоан, беше истеран на татка си, јак, висок и малку згрбавен, се разврти со стапот и неколкумина од нив зеде по глава.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Спушти поглед и сврте глава. Не сакаше мајка ѝ да види како ѝ навирија очите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не сакаше мајка ѝ да види солзи во незините очи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Е сакаше Мајка повеќе да ме товари на ова патување, макар што имаше уште многу, многу да ми даде за носење: убави кошули, со свои раце навезени за својот брат,за своите снаи, внуки, простирки и облеки, кои било ред да се однесат, но поради границата останале кај неа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Така сакаше мајка Евгенија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Породувањето конечно беше извршено и У дојде на свет будна, токму онака како што сакаше мајка ѝ.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Кога сака мајка ми даме пофали, ќе рече дека јас најмногу сум ја заштедувал куќата во обување: не сум трошел пати за опинци и чевли.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Постојано сакаше мајка му да му прави торта.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
II Ќе дојде тоа сончево клопче пролетта како што иде да свие сончесто гнездо во лисјето на нашите грижи а ние двајцата ќе сме два кротки два питоми рида во тој пејсаж од смев наполно наполно зближени Понекогаш ќе си тажна и уморно надвесена над таа лулка од страв зората додека заруди Ќе зрачи тиха светлина твојата приспивна песна барајќи крепка починка во моите очи будни Таа грижа по ноќите ќе ме грее и дење па колку беден ќе сакам мајко да ти речам оти може понекогаш помалку ќе си жена заради тој поток од сон што меѓу нас ќе тече.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)