" Да му го уништите сонот на некој друг, да му ја земете надежда, да му ги згазнете желбите, да му ја растурите среќата, да му го одземете тоа шо го сака најмногу на свет, тоа што му е најмило.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
БОРИС: Заколни се во тоа што најмногу го сакаш. Што сакаш најмногу? МАТЕЈ: Да ебам.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Го познаваше како својата дланка тој заплиснат челичен порој, тој незадржливо вивнат струеж, ја знаеше најмногу таква, дива, а сепак скротена, спитомена, многу често ја имаше во своите раце и владееше со неа како што ќе посакаше, крај неа се чувствуваше како да беше јавнат на некој разигран бинек, што корне искри со копитата, вивнат суза а мирен, и ја сакаше најмногу заради таа нејзина незаздишеност, заради таа сигурност, постојано во некој лет, секогаш, со секое ново движење, сѐ со по некој нов писок, на кој што ни еднаш не е возможно да свикнеш и да ти биде обичен, бидејќи тоа е нејзиниот говор.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
При секое доаѓање кај Висар, учителот му носеше и цвеќе; му го носеше цвеќето синчец кое учителот го викаше „детско главче“; му го носеше него, бидејќи и син му ова цвеќе го сакаше најмногу.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
БОРИС: Не мислев на посебни работи. Воопшто што сакаш најмногу?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Тоа е тежок товар што ќе го носите со вас и во пеколот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Верувај во твојот Господ, зошто тој те сака најмногу, без разлика дали неговото име е Исус или Буда.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)