сврти (гл.) - грб (имн.)

Некни се обиде поединечно да се пресметува со оние што му свртија грб.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Право на него. И да му свртеше грб, сонцето ќе го биеше со своите стрели од зраци - безмалку како ѓаволестиот ангел на љубовта.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Како омацурен мачор потоа, кога реферираше во Комитетот со наведната глава, чекаше за казна него прв да го затворат, но другарите само му свртеа грб и нему му беше јасно барем толку дека е свршено со неговата кадровска кариера.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Горда не му одговори, само му го сврте грбот и тргна пред него низ краткиот ходник во внатрешноста на станчето како кутивче.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И да не беше пошол на печалба во туѓина, да беше ѝ се појавил пред очи, уште тогаш, не знаеше што ќе направи место да му баци рака: дали да го погледне напоречки и да му сврти грб, или да му плукне в лице што ѝ дал такво име, од кое ќе се срами цел живот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таа те гледа изненадено, без да дојде до здив или до збор, но не те одбива и те запознава со нејзиното друштво - очевидно не е видливо израдувана, но се воздржува да ти сврти грб.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Ќе видиш дека јас нешто ќе смислам“, рече Перо откако си свртеа грбови за заспивање.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но, исто така, ме побудуваа и шокот и разочараноста поради тоа што револуционерното движење на сексуалното ослободување и на политичкото бунтовништво слегнале и станале помирлив, во суштина конзервативен облик на идентитетска политика што не се стреми толку да го смени светот колку што сака да си заграби поголемо парче од него.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Отворената и експлицитна машка геј-култура што ја создало геј-ослободувањето досега не успеала да ја надмине и да ја замени машката геј-поткултура, која се темели врз геј-идентификацијата со негеј-облиците, ниту да ја замени со оригинална машка геј-култура втемелена врз премрежињата на геј-идентитетот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па, тогаш, дали сум напишал реакционерна книга?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Силата што го придвижува голем дел од творештвото на геј-културата, сепак, потекнува помалку од геј-суштествувањето отколку од геј-желбата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дали тоа јас, инсистирајќи на опстојната релевантност, моќ и, навистина, мудрост на голем дел од традиционална машка геј-поткултура, сум ги изневерил револуционерните дострели на геј-ослободувањето, сум го отфрлил новиот геј-идентитет што го создала и сум ѝ свртил грб на нејзините цели за општествена и индивидуална преобразба, сосе нејзините оригинални културни творби?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од порано слушавме од нашите политички комесари дека Тито ни сврти грб, но овој пат обвинувањата длабоко се врежуваа во нас, а јазикот со кој зборуваа тие од раководството беше толку убедлив што кај нас предизвикуваше масовен и хистеричен гнев.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Мораш да сфатиш дека Господ ти го свртил грбот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Меѓу нас не беа покојните Дмитар-Пејко, Јане Крстин, Пеце Дановски и Неделко Шијак, и ни свртеа грб Васко Тушев, Круме Арсов, Осип Сечковски, Трипун Караѓоз и свирачот на шупелка Цуцул Мицковски (го видов - ја влечеше без збогум по себе запрегата), и беше и не беше со нас Онисифор Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето немо го заколнувале: раскажи, честит стрико, што си видел, и ние, ако нѐ посоветуваш, ќе му свртиме грб на овој безбожен мрак, со пеколот не се војува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Си биле еден цар и една царица и немале веќе четириесет и три дечиња, и не останале заедно оние триесет и деветмина синови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш Адам Лесновец им свртел грб и потрчал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Утре и другите ќе ти свртат грб и ќе те остават сам да го бараш Лесново по беспатицава.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Веќе брзале влечејќи го попот со себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Иако не можеле да му го препознаат лицето на видовникот, луѓето знаеле дека престарите очи со конци крв околу себе догледуваат сѐ и сѐ знаат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ти треба да се чувствуваш силен и да го зграпчиш за уши злодејот Мечкојад. Луѓето се исплашени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Виде, не виде Кога еднаш сврте грб, не виде... дали сушата ги спржи цветовите на розите и дали само трнот остана, дали водата се излеа и ги поплави сите спржени рози, а дека трнот остана, дали дуваше ветер кога со грб беше завртен.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И го сврти грбот, ама бадијала.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Парацелзус му го сврти грбот, за да ја запали ламбата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сакам да ме подучиш на Занаетот. Крај тебе сакам да го поминам патот што води до Каменот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Попот докажуваше дека коските и металот не горат. уште пред тоа да избувне огнот, Антун Крстин му свртил грб на селото и се вратил од кај што дошол, негде кај што овдешните луѓе нашле ново Кукулино во кое со грч под ребрата ќе тагуваат по својата земја.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Ти ме заборави. ми сврти грб.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но еднаш ќе ти свртам грб и ќе те оставам - Среќен ти пат кон Нил.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Расправај се и карај се таму со крокодили.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Нека не сме веќе браќа - близнаци и нека не ни е името Мануш и Јанкуло ако уште еднаш навиваме за тебе и ако ти ги влечкаме на секаде молерските канти, наслути тој дека се колнат во себе кога навредено му свртеа грб потпирајќи се еден на друг во чекорењето.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И нема да свртам поглед кога сите ќе свртат грб.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Девојката одново му го сврте грбот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше нивниот обид да му се доверат и додворат на Шефот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тогаш не бев свесен за она што сега ми изгледа логично: на полицајката Ема и нејзиниот претпоставен во Одделението за анализа Нинослав, не им остануваше ништо друго, освен да ми го свртат грбот токму кога Илона си заминуваше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кога ги виде полковниците, им го сврте грбот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Старата, врзана за постела, уште го чекаше: да го испијат својот чај, да разменат по една воздишка пред легнување и да си свртат грб во заедничкото легло.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се откачи од оградата и му го сврте грбот на игралиштето.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Само уште еднаш. Ти најдобро го правиш тоа - ме насрчи таа и ми го сврте грбот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можеби требаше да му го свртам грбот на ридот и да се вратам од каде што дојдов!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не дочека на маж да сврти грб во знак на почит и разбирање ниту маж да ѝ се замери за начинот на којшто спие за ноќниот декор секавиците и сигналите за спас немаше кога да ѝ здодее животот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кузе им сврте грб и тргна накај фурните.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Одеднаш Трајанка изгледаше како да се покајала што му се насмевна и му сврти грб на Мартина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се разбира, со ова мое тврдење не им го одземам правото на оние кои ќе ни го свртат грбот за да го потрошат сето свое време во разговори со миленичињата: кучињата, мачките, пилињата!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не наоѓам ништо страшно во таквото однесување.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Нема друг, се потроши, - како да ми ги прочита мислите, - другпат доаѓај порано, - и ми го сврти грбот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа просторот под мишките престана да гори и почна да се лади, а со секое снижување на температурата се чинеше дека реата станува сѐ посилна и посилна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се прашував дали ми е лута затоа што можеби не ја чекав доволно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А и јас бев крива, затоа што поради лулашките заборавив да купам леб.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Пред да ми сврти грб видов дека на работ на едната усна е размачкана со чоколадо.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
По оние кружни цртежи ми се чинеше дека буквата е толку остра, што може да ти се забоде право во прстот, ако малку се лизнеш надолу.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Девојчињата ѝ свртеа грб и почнаа да си разменуваат погледи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но, тој ми го сврти грбот и разбеснето почна да чука на тастатурата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
КРИСТИНА: А ти? ЈАКОВ: Јас ја отфрлив својата улога. Ја напуштив драмата. Му го свртев грбот на големиот драматичар.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Море замолчи, та не дрдори толку! - сврте грб Аргир и го покри лицето со капата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ние сме повикани пред историјата да исправиме една голема неправда што му е сторена на нашиот маршал Сталин: зошто, како што ви е бездруго познато, сите, од до вчера братските комунистички партии, неправедно му свртија грб на Сталин и на неговото дело.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Стравот од напад на Југославија кога Тито му сврте грб на Сталин панично се ширеше низ земјата, стигнуваше до душите на сите, млади и стари.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
— Се сврте кон запад, ми велат, му го сврте грбот на Советскиот Сојуз.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Самите знаеја, дека со првото јавување на било кој од нив, веднаш ќе ми дотречаа во прегратка и ќе си го свртеа грбот еден против друг.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Важи – се согласи таа, нѝ сврте грб, мавтајќи со рака преку рамо, имитирајќи ја Лајза Минели од филмот „Кабаре”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не му е лоша идејата на Огне за колачи во „Канела”, си помислив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)