Темноцрнопурестите Алжирци и Тунижани и луѓе од други народности од некогашните француски колонии се вистинските господари на „Пигал“, од каде Французинот бега за да не му се прилепи срамен белег...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во градот на Босфор не се пие многу алкохол. Затоа пивниците се вистинска реткост.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Научиле кои се вистинските вредности.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Сепак го праша: „По него ли заклучи дека романите се вистински лаги?“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Прво: Ако се вистински актери, би имале потреба, како што би рекол Гротовски: „Да снесат јајце, да ја испразнат или промовираат креативната моќ, онаа што не ги остава мирни ниту дење ниту ноќе“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
- Леле, колку коски и пердуви! Овие орлишта се вистински касапи!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Можеби ние можеме да го користиме хипертекстот за да индицираме различни нивоа, бидејќи токму сега, текстовите на Хајдегер се вистински хаос, особено Gesamtausgabe (Собрани дела); постојат толку многу различни верзии на Being and Time.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Не, тој ни малку не е виновен! Тој беше прекрасен... Тој многу ме сакаше... Тие се виновни! Тие се вистински убијци!
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Како го прави тоа – никој не знае. Неговите скокови се вистинско чудо.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Овие птици се вистински штетници, знаат да уништат цела нива со пченка, знаат да исколваат цела градина со цреши, па така сметавме дека имаме право да ги уништуваме.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)