Потоа песната се измешува со глувото ѕвонкање на наковалната. Тоа се тешки удари во самата глава.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
ме нацрпува и ме крева в раце Горачинов и ко невеста ме внесува во кабината, да не сум ти тешка, му велам, чевлите ти се тешки, ми вели Горачинов, тоа е најтешкото на тебе, ми вели, а пред вратата аплаудираат и Силјан Лилјаков и Филип Хаџиевски и Ристо Коларов и Лазор Рогожаров, што ќе правиме ако нѐ разделат, му велам на Горачинов, ништо, вели тој, в затвор не можам да те изневерам, а на бесилка уште помалку, ми вели и ме легнува на креветот, којзнае дали ќе ме сакаш после, му велам, којзнае дали ќе можеш да ме сакаш,
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пострашни од нив се мк раперите, кои се тешка клошараана, а глумат Вип сурати, но и оние кои имаат многу пара, а глумат лудило дека се улица носејќи дуксери од 300 евриња.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)