Во традициите на дамна востановените дипломатии постои логична и функционална пропорција на дипломатските кадри кои се формираат од матрицата на институцијата односно Министерството за надворешни работи и страничните политички именувања, не поголеми од десет проценти, најчесто одредени според волјата и диктатот на новиот шеф на државата, на Владетелот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но се разбира оваа пропорција претпоставува силна институција, со цврсти внатрешни канони на почит на автономните дејства на дипломатската мисија, каде што политичките упливи на извршната власт се строго нормирани.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
8. Она што во преминов ќе го сонуваат, ... овој терминално разигран пар, кога наскоро ќе заспијат, ќе биде прескокнато: секвенците од соништа се строго забранети во нивниот дом, па и ако е тоа само изнајмена соба на некој карипски или флоридски остров, најнов и последен во среќно протегнатата низа низ со работа исполнетите децении на нивните споени животни приказни.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Има говори и потези чиишто реторички кодови привидно се строго политички но чијашто предвидлива подложност кон истрошени програми ми делува сериозно аполитична и деполитизирачка. И vice versa, ако сакате... 46 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)