седи (гл.) - мирен (прид.)

Мирни да седиме - колку што сакаме. И продолживме да седиме мирни.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Ах, душичке, не му давало срцето да седи мирен, да не ја одбрани овцата.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Песот Гаро, кој другпат ќе лавнеше на мене, иако сум идел толкупати, сега седеше мирен и невесел до дирекот кај шталата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
РАЈНА: Оди во калуѓери па седи мирен.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Седи мирен и молчи дури се прашувам што сум и на што заличи ова - од ден месец да станува, од викенд година, од месец... Вечност!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)