Копнежот, големиот, несовладив копнеж, да ги излее во работата трепетите на своето срце, го имаше маѓепсано Велета: му пречеше до крај да го согледа животот, макар не еднаш да го имаше сетено тој на својот грб неговиот камшик...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Она на што најпрво се сети тој беше да се обрати до ССМ, од каде што доби мошне добри правни совети за валидноста на известувањето што го доби, а беше запознаен и подучен за неговите права од работен однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Беше како некоја стара семенка, која долго време си ја чувала во својата срцевина магијата за да го сети тој топол здив и да почне да се буди, да поникне под него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тука е умесно да напоменеме дека вработените во МО беа синдикално организирани, а С.С. членуваше во овој синдикат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)