Се сети зошто Горјан и Огнен го праќаа в село и остануваа сами со коњчето и зошто Тале сè ќе најдеше некоја работа само и само да го оттргне од коњчето.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
И тогаш се сетив зошто било плачењето на Оливера Поточка пред два дена.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тој се обидуваше да ги изброи, а не можеше да се сети зошто.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дури по приредбата се сетив зошто плачеше учителката, па на сето тоа ми се надоврза и зошто учителот не ме тепаше и секогаш со мене беше повнимателен отколку со другите.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
И се сетив зошто се чувстувам така непријатно.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
ако не можам да те сакам, вели, ќе можам да те тепам, како ѓуптинот ѓупката, вели, првин ќе те завиткам во една черга, вели, за да не можам на место да те отепам, и после ќе мавам, ќе мавам, вели, дури да ме заболи раката ќе мавам, дури да те засакам повторно, вели, и после на секое удрено место ќе те бацувам, вели, за да се сетиш зошто било тепањето, вели, младоста сонува, му велам, а староста само се сеќава на сонот, рекол некој, колку деца ќе имаме, прашува Горачинов, јас веќе имам едно, велам, ти имаш, вели, но сакам и јас да имам,
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)