„Моето е премолчено Реков, Мојата Певна Проклетија. “ низ мене Низ мене: До болот а низ болот И потаму: До пеколот. чучулигата Не научив Да ги изговарам зборовите Тие од мене капеа Небаре крвта Од срцето На Чучулигата. најлудата песна Кој ја спотна Најлудата песна Во најлудата глава Темна Како Ноемвриска Ноќ? благослов на јадењето Јасен е плачот Песната на внатрешната убавина, Празникот кога сечам леб, Или Кога го благословувам Јадењето: Сопствената Душа. гозба Ме јаде вдахновението Внатрешниот оган, Светлината, Совршенството И Смртта.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
После дотрча до нас и, бришејќи го влажното лице со ракав, рече: Врни, врни, дожд, мајка ти под кош, да си најде грош, да си купи нож, да си сече леб...
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
„Не го извадил да сече леб.“ „Ни леб да сече ни прачки да делка.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
МИТРЕ: (кој за ова време сечеше леб ја зема погачата и му ја дава на Котета). Земи, Коте, пресечи ја ти!...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
„Го извадил од појасот на покојниот Јаков Иконописец.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Доктор Коста редеше врз мало монтажно масиче чаши, лажички, сечеше леб, со неизбежното луле во устата.. Долината наоколу пулсираше.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)