си (гл.) - ги (зам.)

Многу си ги припитомил, ќе му велам, ко домашни животни си ги запатил, не се делат од тебе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Има во Скопје, има во Битола”. „Си ги видел?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
— Не си ги заборавила, велам, мене си ме гонела.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ете, јас, сакатиот Нумо, кому и јазикот сакаат да му го откорнат затоа што вака прашуваше, те прашувам тебе, што си постар и што си видел повеќе од мене, ама не си го видел Грамос, не си го видел Вичо, не си ги видел сакатите девојки и момчиња и не си се запрашал како ќе го поведат орото свадбарско...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
На погрешно си ги врзал зборовите и како од туѓа уста си ги слушаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)