- Знаев дека ќе дојдеш, - срипа тој, - уште „од одма“ те оценив дека си човек од збор.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Што и да те снајде, никој не смее да крене рака врз тебе, или да ти суди, зашто ти си човек на манастирот Свети Ѓоргија-Горг.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ајде, кажи, ако си човек, му велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
„Ако си човек, Винстоне, ти си последниот човек.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
А кога заврши, рече: „Ти си човек со крст. Оти ја реши загатката“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тогаш се убиваше само затоа што си човек, само затоа што си домакин, само затоа што си овчар.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
- Ти си човек од бога, му велиме, и ако ти се откажеш од нас, ќе мислиме дека и господ се откажува од нас.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
О
ти располагаш со бол
во тебе се прекршува колективот
и други показатели
О
во тебе се креваат револуции
граѓански војни
и љубов - збирна множина
О
во тебе паѓаат снегови
снегови
О
во тебе тапани
нерви и
булки од секакво потекло
О
во тебе се Тие
О
во тебе отпадоци
остатоци
недостатоци
вертикали и
разновидни
интимни
чувства
О
ти си едно минато
неопределено време
О
можеби си човек.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)