- Ти како да си од небо паднат. Или весла си цицал во животот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Зошто си овде, ако не си од овде. Се дистанцираш.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Тој дојде, влезе, а Филозофот му рече: „Оче Лествичник; јас нужда имам од помош твоја, оти најумен си од дванаесеттемина, и најучен.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ти си од восок направен и нејзината врелина ќе те растопи. - Циник...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Не си, значи, одовде, а ако си од планините, можно е да си Влав.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Мочни и погледај се, вели, постара си од смртта.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
АНТИЦА: Ако си од благо, благо да ти дам (кинисува и со себе си): Ааа... ќе се рече стројница си дојдена, Е не ќе те измие.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Премалена си од нејадење и од искачување наугоре. Секоја ден одиш... чекаш... се враќаш нажалена. Пердувче си се сторила... Ајде касни ! Од што сакаш - касни.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Процедурата за идентификување на специфичните таблети е комплицирана, но лабораторискиот извештај е првиот најважен чекор, и додека Херман ги става во кеса и ги обележува двете неидентификувани таблети, нивниот сопственик седнува до мене.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
„Ти си од Англија? Минав две години таму“, ми вели љубезно.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Чинките на човековата беспричинска радост им ја грееле крвта, ги тргале кон огнот зад ѕидот на урнатината и кон гајдата на Каменчо Скитник, човек што можел и од кал да измеси слатка погача.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ој ти земјо пуста да си од тебе сме пак во тебе ние сите ќе влеземе да ни јадеш бели меса да ни пиеш црни очи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ој ти земјо пуста да си од тебе сме пак во тебе ние сите ќе влеземе да ни јадеш бели меса да ни пиеш црни очи ... (Песна што еднаш ја соопштил Лозан Перуника.)
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога веќе ги натоварив бурињата и ја потерав маската, нагоре, свртев глава кон гробиштата.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ги кршеа крстовите и ги фрлаа во огнот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А тој ми рече: - Господинот офицер те прашува дали си од ова село. Реков – да.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А нашинчето ми рече: - Мајче, овој вели дека куциот пес ти е син, а не тој...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Татко ми се викаше Тане. - Ти си од Танета? Оној што загина во Белград? - изненадено праша чичко Тале.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Жив ми требаш, знаеш што е жив или и ти си од мртвите, му велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Ух, Секуле, Секуле, му велам, јас мислев дека си од овдешниве војници.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)