си (гл.) - болен (прид.)

КРИСТИНА: Од што си болен? ЈАКОВ: Психоза шизо-афектива со присутни аудитивни халуцинации и нагласена депресивна компонента. (Пауза) Се бавев со суштината и суштината ме испече.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
А што ако имам некаква страшна болест и умрам од што не се грижи за мене, а на своите пациенти дење-ноќе им посветува внимание?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Измислив приказна дека си болен на умирање и дека последна желба ти е да му шепнеш нешто важно на Рус на уво.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Кога и да му се пожалам дека ме боли глава, или дека имам несвестица, ќе рече незаинтересирано, ништо не ти е, не си болна, такви ти се годините, и никогаш не се согласува да ме однесе на работа, во клиниката и да ми направи подробни испитувања.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)