Потоа го симнал куферот од грб, го положил во тремот на станицата, ја поканил придружничката да седне до него, потоа и тој се прибрал до неа на куферот, и додека чекале да пристигне возот од Битола за Прилеп, на Јончета Ризески Штетата, кој дојде за шеф на станицата на местото на Недлека Акиноски, кого при крајот на последната Голема војна, на повлекување, Германците го убија на станицата во Прилеп, и уште на Крстета и на Ордана Дамчески, кои, едниот како чувар на пругата а другиот како десетар, постојано се вртеа тука, им раскажувал што сè било запишано во тевтерот и додека раскажувал постојано се загледувал во ридиштата а таму врз нив, веќе префлено на оваа страна и на зајдување, сонцето како злато да истурило, така се чинело.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но во меѓувреме, пред да пристигне на станицата возот од Битола за Прилеп, се случило нешто што многу ги збунило, а потоа и ги насмеало нив тројцата, Јончета Ризоски Штатата, Ордана и Крстета Дамчески.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)