Избор од критички фрагменти за романот Атеистички музеј Антоан Жерал, од Француската академија ВЕРЕН НА СИМБОЛИТЕ И ПАРАБОЛИТЕ (...) Романот Атеистички музеј може да се ситуира во спојот на митот и животот, на полпат помеѓу двете претходни книги (Татковите книги и Времето на козите): помалку како мит и алегорија (Времето на козите) отколку во Татковите книги.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Иако драмата „Вештерка со избушен јазик“ страда од одредени слабости (малку се повторува, малку драматуршки шлајфува, малку премногу има содомија во недостиг на подлабока фантазија), таа сепак и пред сѐ е една автентична поп-драма, доволно снажна и експресивна за да засени 95% од јаловата македонска книжевна продукција.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Макар што дејствието на романот е ситуирано во бизарното „време на козите“, раскажувачот од големите автобиографски залихи на искуства истакнува дека тоа раздобје претставува слика на изгубениот „детски рај” и „крај на најубавото време на светот”, со чиј лирски и критички опис се обидел да му ја придружи на пишувањето "историјата на вистината” на еден облик на тоталитаризмот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Освен тоа, една од работите што најмногу ù недостасуваат на раскашавената култура на овој „смачкан народ“ (в. Б.Конески) токму е поп-уметноста, која подлабоко и психолошки поуверливо се ситуира во одреден културен државен концепт.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)