Ама шестиот ден нешто времето облагна, почнаа да капат стреите и Петрета го фати една таква мака, неиздржлива и лута, што тој не рече ни одам негде - ни не одам, ни да ѕирнам - ни да олеснам црева, туку се скри зад тезгето и куц-куц, ајак-ајак, се исправи дури на крајот од редот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ќе може ли месечината, да се скрие зад темните облаци? за да украдам парче среќа од небото?
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Избега, се скри зад црвената врата на својата куќа. - За него јас бев врколак.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Кога тројцата германски војници се скрија зад кривината, Трајче кроце ја отвори вратата и влезе кај чичко Талета.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Јас се скрив зад едно дрво и чекав.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Но сонцето, кое од небото гледаше што се случи со стариот даб, налутено рече: - Штом не сакаш да пееш и не ги почитуваш старите, не ти давам да им се радуваш на моите зраци! - и се скри зад еден облак.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)