Темничината беше густа и слегната во неговата одајка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ќе дојде ден и вие ќе слегнете во градот, зашто градот тешко се качува тука.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Кога луњата поминала првин тие слегле во селото. Потоа и другата челад.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Но бидејќи зима и бидејќи неуки и некадарни за вакви големи потфати, место преку граница, беше слегле во нашите места, кај бројлинските падини до езерото, сосема измрзнати.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Од нивниот благ оган како да се потпалуваше целото пространство, па чиниш насекаде светкаат, треперат. Слегле во водата, пловат.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)