Петре не може да остане тука, ја зема гајдата и слегува во дворот. Необично е што се движи меѓу полегнатите луѓе.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Не залуд Исус слегуваше во Пеколот, во црвеното, за низ борба да го ослободи патот, слободен за сите”.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Еден од борците слегува во селото.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Додека слегував во класот, чкрипев со забите.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Едип слегува во градот, се бави таму со рибарите крај морето и, скриено во пазувата, секој пат донесува по една ортома.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Бреза, оди купи ми пиво, остави ја тетка ти! – викна Љубе и ми тутна пари и за сладолед, слегувајќи во кујната.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Измиј ги прво рацете! – му свика пак Тета.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И ѓаволот од главата им слегувал во нозете...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Имаше ноќи кога Висар често ја сонуваше бесмртната вода; сонуваше, како слегува во езерото да ја бара: поземаше воздух колку што можеше, скокаше од чамецот и се спушташе кон дното, но воздухот бргу му се трошеше и тој повторно се враќаше назад; Трајан му го пушташе веслото, му подаваше рака да се фати за чамецот, да се одмори, и потоа, земајќи повторно воздух, се спушташе сè подлабоко и подлабоко; не можејќи да слезе до дното, се разбудуваше сиот облеан во пот; погледнуваше кон прозорецот, кон месечината што блескаше, а во главата му одѕвонуваа зборовите на братучед му Трајан: каква бесмртна вода...! Глупости се тоа...!
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
После подолга пауза сонцето високо изгрева и по степено слегува во двориштото.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
А за да им помогнат на старите во терањето на стоката, тие беа повеле со нив и по некое дете од осум до десет години, оти пак за младите беше опасно да слегуваат в град да не ги собере некој од поблиските бегови за работа во својот чифлиг, бидејќи полските работи беа во полн ек, та на беговите им беше потребна работна рака, и тие ја наоѓаа со својата сила кај рајата – христијаните – која не беше уште сопственост на некој од нивните колеги, како што беше овде случајот со слободните Мариовци.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Тој ден ми се виде грдо-бигорен а ноќта тешка и темна небиднина Јас чекав чекав чекав: слегував во пеколот.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Дента станавме рано, со првите петли. Слеговме во дворот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во моментот на планирањето на иднината, во кабинетите на Партијата, козите слегуваат во главниот град: оваа бела пацифистичка инвазија ги вознемирува и шармира духовите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Одамна заковани за планината, немоќни да слегуваат во долината, старите ја примија Мила како свое чедо.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Познато ви е, нели, дека и најмалиот поток никој не го води, никој не му одредува патека по која ќе се движи, а сепак слегува во долината и ќе се влее во големата вода.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ние не остануваме овде! Не слегуваме во подрумот. Ве зедов вас.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И повеќе копаме, се преградуваме, редиме ежови, слегуваме во земјата ко кртови.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Слегувам во гумното, го вабам кучето. Викам: на, Чако, на!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Движењето при станувањето му е споро, круто, оди збунето нерешително, но постепено се привикнува: поеластичен е, ги допира предметите за да се ориентира, да види каде е; застанува малку како да размислува што да прави, во која насока да оди; потоа тргнува со сигурни и точни движења како да е буден: ја отвора вратата од одајата и излегува; а ако е заклучена, ја отклучува; ако го нема клучот на вратата, оди кај прозорецот, го отвора, се фаќа за гранките од јаболкницата и по неа како мачка слегува во дворот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)