Рада, која ја следеше секоја негова реакција, конечно реши на Душка да ѝ го претстави непознатиот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Влегувањето во црквата беше своевиден свечен чин, зашто со тоа секој му се претставуваше и на Бога ама и на луѓето, чии очи највнимателно ја следеа секоја постапка.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Изгледаат загрижени за коренот на колективното како за пациент со вртоглавица - безделнично го следат секое негово движење, со сигурност дека тој нема да побесни и да ги избрка набљудувачите.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Како оној гротескен идеал на примитивната народна педагогија - „држи се до златната средина“ - кој не само што ја осигуруваше репродукцијата на социјалниот конформизам туку секогаш одново го откриваше и количеството страв што го следеше секој акт на социјализација на поединецот, да станал општоважечко регулативно начело за сите протагонисти на општествената стварност.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Во почетокот тоа му беше интересно, но подоцна му стануваше непријатно: му се причинуваше дека тие оживуваат, гледаат во него, го демнат од сите страни, го следат секое негово движење.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Но Х.Х. и О.О. продолжуваат упорно да ја следат секоја моја реакција.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)