По ова, својот оправдан гнев и револт Марковски го канали- зираше со поведување на уште еден, втор судски процес против истиот довчерашен работодавач – во јуни 2004.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Со новата тужба тој бараше, а подоцна со Пресудата (донесена од судијата Ѓ. Радојков) и доби надомест на претрпена штета [reparatio damni] поради незаконит престанок на работниот однос во вкупен износ од 286.121 МКД (4.690 ЕУР) и тоа: а) 275.811 по основ на неисплатена плата која би му следувала доколку одел на работа; и б) 10.309 по основ на пораст на животните трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)