слезе (гл.) - и (сврз.)

Стигнавме во дворот, пред куќата. Тој слезе и, нормално, не се фати веднаш за куферите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пред карпата имаше една мала лединка и тука Симон слезе и го остави коњот да пасе.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ајде, сите војници долу. Слегоа и туркаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ слегоа и ќе нѐ праќаат во најблиското село.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Слегов и повикав да дојдат возачите. Туркаме. Се помрдна камионот, ама моторот молчи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Потем слезе и татко ми, од својата работна соба. Се поздрави.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Само што тропнавме тој слезе и ја отвори портата“, објаснува Рајна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А по крвта на телето роеви муви, слези и летни чинат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И кога ќе видел татко оти не запира со свирењето, ќе му викнел да слезе и со некое ноже ќе му ја дупнел гајдата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)