Човекот во престилката и Живко се испоздравија како да служеле заедно војска, но Живко сепак стаса да му спомне на Предо да ја паркира колата во најдлабоката сенка, зашто овде сонцето особено печело напладне а ние може ќе се задржиме дотогаш, мислејќи притоа на месото посолено со црн пипер и на рибата обложена со коприва.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Букефал нека му биде името на коњот што го примив при срце, мене тој достојно да ми служи заедно во победи да јаваме!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)