случи (гл.) - нешто (прил.)

Каде е и зошто не ја пречека? Да не му се случило нешто?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Често пати го обвинуваше него ако се случеше нешто на ова место, како на пример, ако пор или ракун фатеше пиле, а тоа можело да биде спречено од претпазливоста, или од надзорот на Тито.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Да знаеш, да ти се случеше нешто страшно, ќе се фрлев од единаесетти кат – се растрепери сиот и уште посилно ме прегрна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- И ми се случи, ама сè добро помина – реков и пак се расплакав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ако ми се случи нешто, ќе знаете кој ќе ве води.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Реков, со неизбувлива лутина пошол да определи стражарски места Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се ближел заод некако поинаков од другите до тој ден, како тежок, како мртов сон - до бескрај се шири и сѐ околу себе дави пепелава поплава без јасни сенки, слаба темница што ни се враќа во коритото на секнатиот ден ни прераснува во ноќ.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И кога оние двајца биле готови, во исправеноста слични на голи стебла, едниот крај јамата, другиот крај преголемиот куп гранки, тишината станала помамна утеха дека сепак не ќе се случи нешто страшно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ете, на пример, си помисли: раководителите изгледаат строги, затоа што се грижат за децата и што се плашат да не им се случи нешто додека се далеку од дома.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Да не се случило нешто? Ни затреперија срцата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)