Успева како и секоја друга добра литература бидејќи читателот сака да дознае што ќе се случи понатаму.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Еве што се случи понатаму: кога во Бошка остана малку вера дека ќе се спаси од Лумана и покрај готовноста на Дика за атер негов да рече некој збор, во одајата влезе некој од момците и рече: - Чорбаџи, ефенди Луман доаѓа!
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Одеднаш завлегов во еден чуден, убав свет и нестрпливо ги вртев страниците побргу да видам што се случило понатаму!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
” По сите правила, ваквата проза би требало да биде досадна, посебно нејзината претенциозност, но напротив.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
- Што се случи понатаму? – не издржувам.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Во случајот на Ворхол, иронично и смешно во исто време, авторот е и стилистички и буквално отсутен.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Така беше, но тие стоеја среќно, како кукли, и чекаа што ќе се случи понатаму.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)