Колку што настојуваше генерално да го согледа текот на настаните во светлината на ангажманот на Европската унија и САД, заплашена тие да не се претворат во војна како претходно во Босна, Хрватска и Косово, таа беше силно внесена и вникната во мојата судбина како човек и писател на една балканска семејна хроника во текот на XX век.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Се случуваше Мајка, додека запираше врз овие обележани пасажи, да ги чита гласно, а потем да зборува со некого, во сржта на својата самота, кога најмногу веруваше дека Татко е крај неа... XLI Мајкините доаѓања во мојот дом беа најубавите мигови во мојот живот, во животот на моето семејство.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се случуваше мајка ми рано наутро да влезе во татковата библиотека заедно со првите сончеви зраци, да ја угасне ламбата крај нејзиниот сопруг, заспан врз книга на која ѝ ги доверуваше соништата, односно ги примаше нејзините соништа... Така би некогаш.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)