Париз е најдобриот пример за тоа, но Ками запира на Виена, како град крстопат на историјата, кога одекнуваат ударите на историјата, има ноќи кога небото се покрива со крв, камените коњи чиниш ќе полетаат.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во дворот на солунската гимназија се слуша врева и џагор.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Во тие мигови кога се жести моќта и величината на владеењето, се слуша вревата на полските ескадрони, урнебесниот пад на Отоманската империја. Така пишуваше Албер Ками...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
АНТИЦА: У, боло, на говедана претставител! (Надвор се слуша врева.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Во ходничето надвор се слуша врева. Тоа се ложарникарите.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Однадвор се слуша врева, викаат мали и големи, фрлаат во водата со сè што ќе стасаат...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Но да се седи до пациент кој е запрепастен што слуша врева или чувствува интензивна топлина, како изворот на системот за греење да се активира низ скриените цевки, и да се дели со него оваа “реалност”, е доволно убедливо искуство кое силно ве потсетува на вашата одговорност како архитект кога ја проектирате околината за овие луѓе.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)