Ја разгледувам својата истегната нога како објект вреден за почит, не мислам на ништо, слушам музика, одбрана, stress busters, new age, нарачав и brain supeerchanger, чекам да пристигне овие денови...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во автобусот го чека меко место, со масичка пред него, весник ако сака да чита или слушалки ако сака да слуша музика, а патем има право на едно кафе или чај со неколку бисквити.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Од салонот се слуша музика, пеење, извици. Свадба. Околу полноќ е. Месечина.
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Нејсе. Чекорам јас така, нога за нога кога од зад свиокот слушам музика трешти, чалгии свират, тапани бијат.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Гледам филмови, читам книги, слушам музика, следам весници.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Слушаат музика каква што им се допаѓа.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Грант, (1867-1877) на прашањето дали слуша музика и кои песни ги знае, одговорил: „Јас знам само две песни: едната е ’Јенки Дадл’,а другата не е ’Јенки Дадл’“!
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Не попусто се вели дека од Небесното Царство се слуша музика рајска; а музиката од гласови, а не од зборови е сочинета.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Оти пајакот најчесто лежи во точката среде што ја викаме и што најмалку се гледа оти средето е скриено внатре и затоа среде се вика; лежи таму создателот, примирен, смирен, кроток, како Бог за кој времето не значи ништо и гледа, демне, слуша, секое треперење на струните на својата вселена, на нишките од мрежата ги слуша, ја слуша музиката нивна семирска!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Прозорците беа отворени и надвор се слушаше музика од куќата.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
- Целата прва секвенца е нема, освен што се слуша музика.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
За разлика од овие, кај Монсу можат да се најдат и радосни, продуховени и јасни пејсажи од сон, како на пример, прециозниот прекрасен замок од сликата Армидината градина - еден бајковит свет на еротска страст а ла Марино.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Се слуша музика од музичката кутија, фантастичната архитектура, преплетот од скулптури, столбови, облаци, се движат во ритмот на мелодијата што ја слуша само уметникот, според некои меланхолично-слатки упатства од кореографијата на сонот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)