Но, онаа нежност без размислување, што ја чувствуваше под лесковиот џбун, додека го слушаше пеењето на дроздот, не му се врати сосем.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Го слушаше пеењето на жената и гребењето на нејзините чевли по калдрмата и викотниците на децата на улицата и, од некаде во далечината, слабото брчење на сообраќајот, но поради отсуството на телекранот собата сепак се чинеше чудно тивка.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Доаѓа Богдан до нивата каде што мајка му го роди и легнува на меѓата под грмушката каде што го пуштил првиот глас и го облева чувство како повторно да се раѓа; ги дише тревките и билките околу себе чувствувајќи ги како мирис на мајчино млеко; гледа во сонцето што се провира низ гранките над него и му блеска в очи како тогаш кога се роди, го слуша пеењето на птиците како да го прославуваат неговото повторно раѓање; слуша крај него кркори браздичка со вода како превртена стомна; слуша во далечина ѕвон на стада овци и добиток, милозвучен што ја разнежува душата; зеленилото му ги исполнува очите со спокојство и милина.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Се потпираше со грбот на некое дрвце, тргаше на лулата и гледаше во огромното небесно синило над себе, во блескавата ереска вода во далечина, гледаше во зелената шума наоколу, го слушаше пеењето на птиците, шумот на водата што се спушташе низ брегот - и си замислуваше како ќе изгледа бањата што ќе биде изградена овде кога ќе запре чадот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)