слуша (гл.) - негов (прид.)

Уште на пет чекори пред општината, а Дуче веќе чука со двете големи вретена на него: дангара, дамбара, дангара, дамбара, — мава Дуче колку што може и не може и знае дека далеку се слуша неговиот барабан, иако сам ништо ве може да слушне, бидејќи беше глув на двете уши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Може, уверен во својата праведност, хранел надеж дека ќе го смилостиви бога да го земе во заштита неговото семејство, може оти верувал дека ќе окае некој грев, во незнаење сторен, па тогашните жители на Потковицата две недели пред злосторот и цела година потоа, и по бел ден и среде ноќ, ги слушаа неговите лелеци, неговите клетви и молитви.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Му се причинуваше ли дека му го слуша неговиот глас, како што и мајка му го слушала?
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Пациентот помислил дека тоа е глупаво прашање, зашто го слушал неговиот глас.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но, глувчето Цивко се плашеше, на пример, од некое празно истркалано кутиче, од орев, - море и од самата лушпа од оревот...и постојано се слушаше неговото пискање - цив-цив.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
И одново образите му се надуваа; долгото брмчало префрлено преку рамото, го вртеше наваму-натаму како цевка од пушка за подобро да се слуша неговиот брмчеж; кога ќе ја поткренеше главата да поземе воздух, гајдата ја стегаше посилно под мишката за да набие воздух во свирката додека тој не отпееше неколку збора од песната тегнејќи го гласот како и звукот на гајдата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„First, I want to say that I am glad to be here, in a Europian country of great cultural and historical tradition, which, appart from Hungary, is the only one where I could come without a vis. In this period of transition, when western Europe is building the silk wall between the Europian community and the Balkans. I had a chanse to pass that wall easily…by plane, of course… “
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Марката на цигарите малку ме збуни, но дури кога почнав да ги слушам неговите додворувања (ги кажуваше гласно, иако не толку јасно како жената Монолог во авионот), сфатив дека сум утнал.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И, отидовме на Зајачки Рид: газдата на Земанек (многу ме повредуваше тогаш тоа што тој, Земанек, самиот го именуваше не по име, туку како газдата) беше фалбаџија и ние моравме да ги слушаме неговите самопогалби; ни ги раскажа сите трки во кои учествувал и сите свои успеси кај жените по трките.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На Бојана му се чинеше дека негде во тајните, скриени длабочини на својата свест го слуша неговиот строг, непореклив глас: - Оди, бори се!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На брат ми е Собата на звукот: потокот минува под неговите прозорци и во неа најмногу се слуша неговото шумолење.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Спалната на моите е Собата на топлината – таа е единствената што се наоѓа меѓу две простории и во зиме е најинтимна и најтопла.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ги слушаа неговите стапки. Оној сврте неколку пати околу бараката, на неколку места постоја, постоја, а после влезе во вратата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Следната ноќ, по долга и жестока партија што завршува реми, додека ги одбројувам секундите до заминувањето, трудејќи се да не гледам во тебе, го слушаме неговиот спокоен глас: - Марија и ти. Знам за вас.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Го слуша неговиот глас - ѝ надоаѓа небаре од многу далеку...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Расеано ја слушав неговата лекција за седумте чуда на грчкиот јунак Херкул за кого ни прикажуваше на свој начин.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Воодушевен од патетичната глетка, ја слушам неговата песна. кога ќе забележиш дека те нема и продолжиш да чекориш како ништо да не било како сенка залепена на чевлите што одат во место во ритмот на навиките и погледнеш во огледало стакло или поток и кога ќе забележиш дека и таму те нема измени го светот и изненади кај не очекува затоа што те нема Натоварен со желба за муабет и римување, влегувам во станот на мојот буквално стар пријател. 58 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Родна откако ги потсмирува струите што ѝ шетаа по телото, се подисправа, си ги гледа разголените нозе, внимателно си ги покрива со веленцето, а го поднаместува веленцето и врз својот Петар од другата нејзина страна кој се однесува како да е мртов, ни се слуша неговото дишење ни се гледа, а не се гледа ни мислата што му седи во главата која неговите физички заспани очи широко ги има отворено и со нив како да гледа и преку коската на черепот и преку дебелото веленце што го покрива сосема.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Пее, но не се слушат неговата песна, не се.слуша неговиот глас...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Па, бидејќи сите зборуваат за него, го фалат, ги опишуваат неговите збеснувања, го караат и го клоцаат, викаат по него, па само се слуша неговото име, славата на Фигаро секој ден расте.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Се обидував да земам воздух, го слушав неговиот глас: „Те молам, не плачи.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Човекот со кравите одамна беше отиден, но детето го гледаше со своите мисли, на истото место, на ист начин и ги слушаше неговите топли зборови: „Па ние веќе сме другари.“
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)