Ниту Татко, ниту Цветан Горски не можеа да замислат во мигот дека ги слушаат последните зборови во животот на нивниот голем пријател и учител, Игор Лозински.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Од горните куќи на Маказар ги слушам последните довикувања, некоја пцовка по говедото што не слуша, по некоја клетва што не фаќа по детето што не сака да се прибере од играта на патот, по некое удирање на врата додека сите врати не се затворат и додека прибрани, луѓето не го почекаат добриот ангел да им влезе дома и, пред заспивање, да им каже дека Бог мисли и на нив и на нивните грижи.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
НЕДА: (Потресена од тоа што првин го чу, како да не ги слуша последните зборови на Ивана.) Иване, зар на Ѓорчета Петров?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)