Зборот „проматари“ не ми се допаѓа, но се правам дека не го слушам зашто масите го имаат тој грд обичај за високото општество и посебно за луѓето што се на власт да се изразуваат погрдно.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
„Удрете, удрете... Мене ми е убаво јас да гледам, други да работат...“ рече дедо Стефан кој претпочиташе да слуша зашто си признаваше дека не знае да кажува како што знае Најдо.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Старите треба да се слушаат зашто повеќе знаат!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)