___ * Реки во јужна Русија ин а Кавказ
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Брзаше да го истуриш срцето на белиот чаршав пред да те легнат на него пред да те пренесат по калдрмата и да те качат на високиот чардак таму негде во штипско Горно маало на улицата за која никогаш не беше слушнал Бидејќи никогаш и не слезе на земјата Бидејќи засекогаш остана седнат на коњот што бавно ја минува бескрајната степа на Кубан* Тој недооден пат Таа најдолга тажачка што некогаш сум ја слушнал
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Всушност наеднаш ме опседна помислата што досега не ми идела на ум: иследникот си замислил дека е професор и се труди да ме натера вистински да се чувствувам како ученик принуден да пишува писмена задача и тоа по предмет за кој се нема подготвувано бидејќи му е сосема туѓ а можеби и не му е по волја.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
РОЗИТЕ НА ПРСТИТЕ НА АКСЈА
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Само заклучив дека она што не го дочув не треба да се сфати како наредба туку само како покана.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но факт е дека не го бев слушнал бидејќи иследникот не гледаше кон мене.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)