сме (гл.) - брат (имн.)

Пела и во сонот се појавуваше како сонце, бело бело и топло а потоа таа викаше бате Дончо јас и ти сме брат и сестра нели а тој нема глас да ѝ одврати дека тие двајцата не се брат и сестра само нивните мајки во исто време ги имаат родено и оти се најдобри другари им кажуваат дека се полубрат и полусестра и сакаше да ѝ каже дека се само две деца таа момичка а тој момче нели таа женско тој машко како што има жаба машко и жаба женско како што има гугутка машко и гугутка женско како што има којн машко и којн женско како што има вол машко и вол женско и ние сме како нив и токму ска да ѝ каже во што е разликата меѓу машкото и женското го изгубува привидот на Пела сонцето и белото и ќе врекне со широко отворени очи Их, пак само сон!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Значи јас и Ивона сме брат и сестра? - рече Виктор. - И тоа близнаци! - потврди Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сега сме браќа и сакаш да си ја ставам главата во торба за тебе. Што ме гледаш?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
„Орајт“, вели тој, „ние сме браќа, но бизнис е бизнис.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ние сме браќа итака, итака!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Жими господа златен ние сме браќа! (Јасно се подразбираат зборовите од песната која што ја пеат Арнаутите).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)