Како сте в поле? – ги засипа со обичните прашања па почна да ги распрашува кој кај кој бег работи – зошто се толку парталави, голи, боси и страдни.    – Како чифчии, зошто – му одговори еден од тројцата и го прашаа него од кое село е тој и на кој чифлиг работи.    – Немаме ние во Мариово наш чифлигар над глава, браќа не, сами сме чифлигари, сами чифчии.
               
             
           
            
            
              „Калеш Анѓа“
               од Стале Попов 
              (1958)