Зошто расправата за постмодернитетот е значајна? Затоа што тоа е самосвесна фаза во развојот на модернитетот; ние сме проклето сигурни во тоа што е на дело.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Инаку, оваа терминолошка дискусија не е многу важна бидејќи со самиот термин постмодернитет се признава фактот дека сме врзани за модернитетот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Номадство Сите живееме во општества во кои номадскиот начин на живот станува доминантна вредност, бидејќи вредностите со кои располагаме сѐ повеќе можат да се пренесуваат, па така сѐ помалку сме врзани за одредена средина, а со тоа и сѐ помалку сме неподвижни.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)