- Како не сме живи, - се вчудовиде главата.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
- А зошто, - ѝ вели телото, - кога и така и така ние повеќе не сме живи.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Затоа што додека сме живи ненаме време да слушаме и да паметиме.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Од нас зависи како ќе го искористиме!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
АНЃЕЛЕ Така било пишано.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
ДИМИТРИЈА Да сме живи здрави.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ќе заборчуаме, ќе работиме — ќе се плаќаме ако сме живи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ако сме живи нема да те заборавиме — заврши Толе и се прости со Тодора.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Јас вела да го ватиме Соколот, Лаките горе, па ако дојде некој зорт да преврлиме Караџова — предложи Трајко.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Авионот ја допре земјата токму кога дисплејот над седиштето покажуваше дека сме на две илјади и шестотини метри надморска височина и тоа беше уште еден знак дека сме живи и здрави поблизу до ѕвездите а ние веќе си знаевме од домашните политички пароли дека и сонцето е ѕвезда.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Бидејќи ние веќе не сме живи.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
И ајде, ако ви е по волја, сите да се избакнеме, да се радосаме, оти така ни било речено, па да се знаеме и да се помагаме додека сме живи.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Главно е да сме живи, веќе некако ќе се преживее, вели мојот познаник.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Еве, ние со таткати четириесет ги поминавме, сто години не ќе сме живи, дојди си побргу.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
А ние им рековме дека до крајот на тие 99 има уште 30 години, па дотогаш да сме живи и здрави.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ние сме живи и никаква нишка не се протега од нас до нашите и од нашите до нас.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Ајде да видиме. Да сме живи и здрави, - помирливо рече Снежана, но се сети на нешто и продолжи - Само да знаеш дека за сѐ се виновни твоите чести прекоманди.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
„Ако ни е војската жива и ние ќе сме живи".
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Од пусти страои од топузот, станал од столот и го теклифил за тој да седнит и му рекол уште: - Стопанине мој, било како било досега, да ми простиш сега сакам: јас сторив, ти не стори; ама за отсега вамо ќе видиш, ако сме живи и здрави, што чорбаџија ќе те сторам; ела та влези во азното мое и земи си колку сакаш, ете да бидеш богат!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Еве да ти се јавиме цару дека сме живи и здрави што и тебе ти пожелуваме од сето срце и душа да чуеш за нас како сме ги биеле твоите војничиња и како ќе ги биеме конкретно...
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Не грижи се... Засега сите сме живи и здрави...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ете цел свет го покорија, помош не можете да очекувате, до кога ќе се борите сами? – Дури сме живи, оче дуовниче – им се испушти на сите од грлата, та дури и децата извикаа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
– Летово, ако сме живи и здрави, ќе ја свршиме оваа работа – додаде и аџо Рампо, и станаа та си кинисаа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ке се бориме дури сме живи и не пуштаме да ни ја поганат светата земја и вера. – А не се плашите дека ќе ве надвладеат?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Твојата сестричка, гледаш ли. не се потруди ни да праша, дали сме живи.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Ќе ми даде на заем, па ако сме живи, ќе работиме, ќе му и вратиме.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Да сме живи и здрави ние и дечињата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Mope ми, најпосле плати, стрико Дано, сега; та ако сме живи, белки ќе се одборчиме! — Изустува Дрманче, само да откине од бељата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Татко мигум го крена погледот од отворената книга, а Мајка од плеталото. – Душата е, синко, сè што ни се случува додека сме живи – рече Татко, замислено.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Да сме живи ние!
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Да сме живи ние, пак ќе ја наредиме некако работата.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Ние ли сме во бесконечноста
ниту центар, ниту власт
ниту гуска, ниту јајце
Ние, од тлото што не сме се одлепиле
ние, вистината што ја мразиме
како ѓавол ја истеруваме
масовно ја каменуваме
и ја однародуваме
ние, што наредуваме
кој да ѝ се обрати на јавноста
и како да се опише „стварноста“
за да го слушаме
- барем додека сме живи -
она што ни одговара
Сонцето мора да се врти
небото да биде недостижно
Земјата мадра.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
ДИМИТРИЈА: Да сме живи здрави.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Тамо ќе да сме живи во вечнија и безконечнија веки, а овде сме сургун.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
И ние не сме живи?
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
ПОПОТ: Да сме живи и здрави дотогаш. Со здравје.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Види го ти него, ќе дремел, човекот... да сме живи, па ќе видиме...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Не веруваат дека сме живи, ама пак викаат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Дека сме живи, вели, дека сме причина за поразот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Молчи, нели сме живи, вели.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)