Исто така, таа е парадоксална со оглед на медиската изложеност на глобалната поп- култура која, иако воспоставена поради својата „употребна вредност“ или, повеќе, „прометна вредност“, сепак функционира како дисплаѕ-роба со која сме маѓепсани и кога која било можност за поседување ни е вон дофат.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Меѓутоа, исклучивоста спрема популарното исто така е продукт на аутизмот, и тоа оној псевдо-елитистички, и таа кај нас е посебно парадоксална имајќи го предвид тенкиот слој на интелектуална елита, и уште потенкиот на онаа која и економски е обезбедена.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
(213) Два скапоцени моменти, две скапоцени илузии: во претчувството за жена и за нејзиното поседување - илузијата на задоволството - и во сосема свежото искусување на нејзината загуба, додека сѐ уште сме маѓепсани, во илузијата на загубата.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)