сме (гл.) - сам (прид.)

„Не знаеш Како мами Везден двата Да сме сами Јас и Таа За-луд-ност“ Во ателјето на Владимир Г. есента, 1994 стално си сам „Стално си запален И стално си Сам“ „Се палам себе, Горам сам За да ве Ос- вет- лам.“ бегство Ѕвони, Само во сонот Во тоа црно Сеопфатно Ѕвоно.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Патуваме крај осамениот јадрански брег. На вијугавиот пат речиси сме сами.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бојана прсна да се смее. Го прифаќа хуморот... можеби...сепак сме сами...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
САРА: Ова е мојата соба. Се запознавте со мене пред само два часа, а веќе сме сами во мојата сопствена соба.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сакам, Лука, да ви се заблагодарам за тој дар што ни го давате.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Знаеш зошто не се плашам? Зашто гледам дека не сме сами’.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А сепак: иако релационото гледиште минало низ долготрајна подготовка на многу места и иако пронаоѓањето на електронската меморија може да се опише како еден од резултатите на ова подготвување, не може да се порекне дека само праксата со оваа иновација е она што нé принудува да се откажеме од традиционалната идеологија за едно цврсто јадро (што го поседуваме или сме самото тоа) - односно од постварувањето и сакрализирањето на нашата способност да складираме, обработуваме и пренесуваме стекната информација.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
- Не, не, чичко, не! Немам татко! Ние со мајка ми сме сами - одговори Трајче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
На усните трепери прашање, но околу нас има многу луѓе, а таа е научена да прашува само кога сме сами.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)