сме (гл.) - негде (прил.)

Прсна во нивното грло и последната жица а плачниот звук на тоа прскање остана да трепери во слухот на Отец Симеон. „Дали сакаш да сме негде долго и сами?“ ја праша и се сети - оперетска романтика. „Ќе појдеш ли со мене, Јано?“ Зад неа лазеа морници.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Никој не знае кое време го избрал за свој придружник нашиот пријател, - реков - не смееме дури ни да помислиме дека сме негде близу до вистината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не ја знам причината а сепак сум сигурен дека тој се одредил за најдоброто од она што му било понудено.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)