Ние селанките не сме толку учени да пречекаме вакви госје, токо ќе декшавате!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Вчера изгина, го снема водот и ние сега сме толку, колку што сега сме тука...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Но, само по некој ден откако стигнав во Света Екатерина егуменот ми фрли анатема, анатема, извика: од исти краишта сме толку убаво пееш, ми рече, а песна наша не ми запеа... Mneme На Славко Нинов Момче, монах во излитено расо, со плетенки врз рамениците седнат на брегот на Егеј под Света гора и наизуст преповторува: душата ми е пустина по која чекори Исус.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Јас, Aehmenia, од Битола, се капам во свети реки, се молам во свети храмови, цел живот излегувам од едно и влегувам во друго ходочастие, штрпкам по некое стракче по камењарите - и тоа е сѐ.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Па, ние сме толку слични. Дури обајцата имаме иста бемка и на исто место“.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Што би било да не ги држиме во себе, да не сме толку скриени, да кажуваме сè што мислиме, без ни едно табу.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
- Признај, не мислеше дека ние од отпорот сме толку инфилтрирани во блиската околина на Стојанчо!
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Плачно – Господи, зошто сме толку ситни?
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Пак ако не е среќа... А мислам дека не сме толку несреќни...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
- А мори мамо, - се замеша Лиле, - зарем сме толку неспособни еден гостин да исчестиме.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Зошто сме толку вљубени во нашите галеничиња, што често постапуваме на начин кој е спротивен на нивната добродетел - на пример, облекувајќи ги кучињата и мачките?
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Јасно е дека, најпосле, не сме толку далеку од древното поврзување на хомосексуалноста со родовата инверзија и со психолошката девијантност, колку и Томасини да внимава на крајот да ги испразни од сето значење тие геј-означители.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Па зошто, тогаш, сѐ уште сме толку бојазливи?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Никогаш не сме толку смешно големи Како во приказните за нашите победи.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
-Ние сме толку големи, колку што имаме знаење во себе.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
1. Така ми било пишано И пишано и судено (а од пишаното не се бегало) Наместо прв плач Каков што си имаат сите новороденчиња Јас да си имам прв сон И првиот сон да ми биде вековит Како што е вековито Моето племе на сонувачи Во чиишто пештери и колиби Пред толку и толку илјади години Е зачнато сонувањето И за чиишто прапрапрадедовци Научно е докажано дека биле Првите сонувачи на долги патеки Во историјата на чистото сонување Оти од чисти извори и чисти мисли Само чисти сонови течеле Чисти сонови врз чисти постели Чисти постели од кои се скока Директно во јавето Макар што за нас коалите Велат дека не сме толку темперметни И некои особени скокачи И дека нашите скокови биле обратни Од јавето во сонот И уште велат Дека мал и редуциран ни бил мозокот (Мал мал ама технички дотеран) А ако сте малку од малку дикатлии На интернет сами ќе видите Дека живееме осумнаесет години Значи петнаесет преспиваме А останатото време грицкаме еукалиптус Сигурно сте чуле дека во јазикот на Абориџините Коалата всушност значи – не пие И љубезно ве молам не ни приредувајте никакви стресови Ние навистина сме многу чувствителни И кога сме под стрес плачеме како деца А тоа потем се одразува врз квалитетот на нашите соништа.
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)