„Не смее никој да ме види, зашто инаку ќе биде белја-работа.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Не гледаш дека сум залепила ливче дека без три пати чукање не смее никој да влезе? – му свикав.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Во олтарот е поставена плоча со неговото име и од пиетет кон овој голем композитор не смее никој да нагазне врз плочата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
- Гледам – рече тој. – И чукав. Не три пати, туку пет пати, а од тебе ни глас. Мислев, си заспала.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Знаеш, ако некој е за чистење, сакам да речам осуден на смрт од тукашната управа, тука не смее никој да го гибне.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Таму каде што е Абраш, не смее никој друг да биде. Разбра?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ними и во логоров не смее никој да им се замери. Веднаш влечат карта.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)