“Ми се смеат дека плачам“ си помисли Стана, па ги избриша солзите и се обиде да се насмее. Враните замолкнаа.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Шестото навистина го испи малку побавно, но никој тоа не го забележа, на седмото виде само Трајанка и ѝ затупка срцето што ќе излезе победник, на осмото децата почнаа да му се смеат дека не може ни колку едно женско да биде јунак, на деветтото одвај го качуваше ридот а кога дојде до половината на десеттото, којзнае како стана, но се закашла и не го допи.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)