О, малку морфиум
анестезија
додека ти ја режат
татковината
на живо
по којзнае кој пат
овој пат дома
- помрачениот ум реже
заслепен од белината
на светлината
од себеси, Боже
суетата е клопка
осуети ја
избегни го последниот чин
на македонската
мелодрама
смени го жанрот
направи нешто!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Вежбај упорно. Смени го. Изгуби го. Повеќе пати. Што позалудно.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Еден од мајсторите се правдаше дека мастерот, како што велеше тој, му е искривен. Тогаш, смени го мастерот, му викаше Симон.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)